Посетители

Today3
Yesterday5
This week33
This month287

Visitor IP : 23.20.86.177 Visitor Info : Unknown - Unknown Friday, 20 October 2017 08:39

Who Is Online
Guests : 3 guests online Members : No members online

Апел за Македонија

Apel za Makedonija is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License.

Ние веруваме во Македонија

Браќа и сестри Македонци! Граѓани на Република Македонија!

Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ.

Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве повикуваме да дејствуваме на развивање на слогата!

Ве повикуваме на слобода и достоинствен живот во Република Македонија!

Ве охрабруваме да ја изберете Третата опција за Македонија – ТОМ 2003 како решение на зачестеното разединување на македонското граѓанско ткаење.

И додека актуелните политички партии во Република Македонија (понатаму РМ), безбрижно се смеат и радуваат над судбината на РМ, додека политичкиот и граѓанскиот морал го заменуваат со насилно девалвирање на сите граѓански вредности и „уживаат“ во сеприсутното криминално владеење, притоа на сметка на благосостојбата и добробитот на македонските граѓани се кројат прегрупирања во Собранието на РМ со цел изигрување на волјата на електоратот на РМ, кога уставната поделба на власта во РМ не постои, кога институциите се сведени на „партиски кружоци“ кога официјалните државни органи удоволуваат на сомнителни лоби групи, а политичките определби на официјалните политички партии ја губат својата регистрирана провиниенција, ние од ТОМ 2003 предлагаме да не поддржите во нашите настојувања во изведување на нашата измачена татковина на европскиот пат, на патот на моралот и патот на законито и уставно владеење на РМ. Ве повикуваме да ја поддржите платформата за спас на РМ, уставно и законито владеење. Граѓани на РМ не дозволувајте законите да се повинуваат на поединци, туку поединците да се повинуваат на законите на РМ!

Денес кога сме на прагот на уште едно непосакувано превирање во политичкото миље на РМ, кога со помош на сомнителните лоби групи се разнебитува државната целост на РМ, кога со непринципиелни договори се стреми за предефинирање и квази преформулирање на уставните одредби, денес ние од ТОМ 2003 ги повикуваме сите граѓани на РМ без разлика на политичката, етничката или национална определба да се обединеме за доброто на нашата татковина за доброто на нашата оставина за нашите деца и внуци, да се обединеме под барјакот на правдата, праведноста и вистината. Да не ја разјадуваме нашата мајка Македонија, да не ја разнебтуваме нашата татковина да не дозволиме политичките елити да тргуваат со интересите на Република Македонија и со суверенитетот на РМ. Да ги осуетиме криминалните владеења и криминалните обиди за владеење!

Браќа и сестри Македонци и сите народи кои живеат во РМ и ја чувствуваат РМ како своја татковина да ја поддржат платформата на ТОМ 2003 за зачувување унитарниот карактер на РМ, да ја зачуваме уставноста и законитоста на РМ, да го зачуваме нашето прадедовско огниште. Бидејќи секоја одлука на нечесните политички елити влијае на нашата иднина, на нашиот живот и опстој на ова парче света земја Македонија! Со господ напред а ние ТОМ 2003 по него, заедно со сите загрижени граѓани ве повикуваме да си ја повратиме нашата татковина во рацете на нејзините граѓани во рацете на идните генерации за иднината на нашите поколенија! Трета опција за Македонија - ТОМ 2003 Apel za Makedonija is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License.

Македонија
28 Feb 2017 08:24 - tttМакедонија

МАКЕДОНИЈА - Лазо Каровски(Кавадарци 1927)

Повеќе ...
Апел за Македонија
20 Feb 2015 21:25 - teamАпел за Македонија

Apel za Makedonija is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License. Браќа и сестри Македонци! Граѓани на Република Македонија! Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ. Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве по [ ... ]

Повеќе ...
МАНИФЕСТ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ
09 Feb 2015 20:37 - том 2003

Граѓани на Република Македонија! Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве повикуваме да дејствуваме на развивање на слогата! Ве повикуваме на слобода и достоинст [ ... ]

Повеќе ...