Посетители

Today3
Yesterday5
This week33
This month287

Visitor IP : 23.20.86.177 Visitor Info : Unknown - Unknown Friday, 20 October 2017 08:39

Who Is Online
Guests : 2 guests online Members : No members online
makedonija

МАКЕДОНИЈА - Лазо Каровски(Кавадарци 1927)

МАКЕДОНИЈА

Македонијо,
ти не си име прочитано од книга,
ни збор чуен од дедовци,
ти си крв,коски и отров.
Крв,коски и отров и мајчино млеко,
зашто сум го прочитал
твоето име испишано на
мрачниот небосклон од пожарите
на попалените села, испишано
врз крајврежните карпи од
страста дива на незадржливите бранови,
зашто сум ја осетил до горда болка
смислата на жилавото
ракување со историјата,
кој во тебе, мајко,
како освојувач стапнал -
бос среде трње,сред жариште цапнал
вторпат тој нема да го пречекори прагот
па макар за назад,да побара трага.
Маченичко,
одев по твоите долишта - раскроени преушки
и ги собирав коските изгниени,
од дедовците,од другарите,
за да ги закопам во еден гроб,
за да ги соберам во моево срце.
Поминав низ твоите бури
Самоилови,Карпушови
Илинденски и Партизански,
ветриштата ми ги наглотија
и закрвавија очите,
но ми ги избистри ѕвездениот кристал
на твоите небесни незгаснати јасници.
Македонијо,
ти не си име прочитано од книга,
ни збор чуен од дедовци,
ти си крв,коски и отров.
Крв,коски и отров и мајчино млеко.

Македонија
28 Feb 2017 08:24 - tttМакедонија

МАКЕДОНИЈА - Лазо Каровски(Кавадарци 1927)

Повеќе ...
Апел за Македонија
20 Feb 2015 21:25 - teamАпел за Македонија

Apel za Makedonija is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License. Браќа и сестри Македонци! Граѓани на Република Македонија! Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ. Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве по [ ... ]

Повеќе ...
МАНИФЕСТ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ
09 Feb 2015 20:37 - том 2003

Граѓани на Република Македонија! Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве повикуваме да дејствуваме на развивање на слогата! Ве повикуваме на слобода и достоинст [ ... ]

Повеќе ...