Посетители

Today3
Yesterday5
This week33
This month287

Visitor IP : 23.20.86.177 Visitor Info : Unknown - Unknown Friday, 20 October 2017 08:40

Who Is Online
Guests : 4 guests online Members : No members online

МАНИФЕСТ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ

Ние веруваме во Македонија

Граѓани на Република Македонија!

Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ

Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве повикуваме да дејствуваме на развивање на слогата!

Ве повикуваме на слобода и достоинствен живот во Република Македонија! Ве охрабруваме да не изберете како решение на се почестото разединување на македонското граѓанско ткаење.

Ја живееме дваесет и петтата година од нашата независност. Дваесет и пет години на лута неслога и подјадување на македонското национално ткаење. Дваесет и пет години обичниот Македонец, обичниот македонски граѓанин е изложен на брутално наведување на нечија страна во име на политичките апетити, а со цел „одбрана“ на Македонската национална кауза, притоа заборавајќи на својот корен, денешница и својата иднина.

За овие години на независност, нашата разединетост е во корист на нашата штета. Затоа со господа напред, а ние по него, ние од ТОМ 2003 пред сите вас застануваме цврсто, смело и одлучно, да ве повикаме на безусловно и итно семакедонско помирување.

Доста е раздор и правење услуга на нашите ненаситни душмани!
Доста е веднење главата во корист на нашите разнебидувачи!
Време е Македонија да биде на Македонците и на сите оние кои Македонија ја чувствуваат и сакаат како своја мајка и татковина да кажеме „Стоп“ на поделбите на македонското национално ткиво, да се обрнеме кон себе, кон иднината на нашите поколенија, да се осврнеме кон зачувување на нашето достоинство и нашата вековна куќа-Македонија!

Во ваков контекст ние од ТОМ 2003 со вашата доверба бараме промена на Законот за избори, Македонија да биде една изборна единица со цел окрупнување на македонското изборно тело и земање на судбината на Македонија во свои раце, во рацете на граѓаните!

При избори кога Република Македонија е една изборна единица ќе ги осуетиме предизборните територијални геометрии и предизборните математики, а со тоа ќе овозможиме секој глас на граѓаните на Република Македонија да биде суштествен и вредно употребен во развојот и иднината на РМ!

Ве повикуваме да ја поддржите политичката платформа на ТОМ 2003, затоа што како прво ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ПОЧИТУВАЊЕ НА УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РМ.

ТОМ 2003 ќе покрене иницијатива за оцена на сите спорни членови од Уставот, уставноста и законитоста на сите донесени акти соодветно со европските норми за правен систем.

Ќе предложиме ревизија на целокупниот територијален систем на РМ. Ќе ја поддржиме прифатената европска агенда на Самоуправни региони, т.е. сегашната регионална поделба на РМ ќе ја изложиме на ревизија и функционерите на регионите ќе наметнеме да бидат бирани на регионални избори, спротивно на сегашното верификување како директорати од Владата на РМ. Впрочем европската иднина е соработка на европски региони, а како ќе ја спроведеме соработката со кадри кои не се избрани од волјата на граѓаните?

Соодветно ревизијата на политичкиот систем, ТОМ 2003 ќе се обиде да издејствува, намалување на бројот на пратеници во Собранието на РМ, бидејќи после регионалните избори, моменталната бројност на пратениците во Собранието на РМ ќе биде преголем терет за целокупниот систем на РМ. За бројот на идеалниот број на пратеници дополнително ќе спроведиме елементарна анализа на целокупното општество на РМ и тие заклучоци, доколку покажат дека треба намалување на бројноста на пратениците, ќе се обидеме да воведеме идеален број на пратеници.

ТОМ 2003 ќе наметне пропорцијални лични примања на функционерите на РМ со личните примања на македонските граѓани. За нас е недозволиво функционерите да имаат лични примања неколкукратно поголеми од највисоките реални примања на граѓаните на РМ. како ќе расте стандардот на вработените граѓани на РМ, така ќе предлагаме зголемување на личните примања на функционерите. Истото важи и за сите додатоци на функционерите, за ТОМ 2003 недозволива е сегашната состојба на додатоци за пр/ патни трошоци во висина еден солиден стан за функционерите, а пак вработените граѓани да не може ни да сонуваат за тие средства.

ТОМ 2003 ќе наметне ригидна контрола на работата на функционерите! Ќе издејствуваме закон за НЕ застарување на делата поврзани со приватизацијата и распродажбата на државното земјиште и добра на РМ. Соодветно на тоа секоја злоупотреба на таквите постапки ќе настојуваме правично да биде санирана, а прекршителите да бидат изведени пред независните арбитри на РМ.

Македонија е држава на македонскиот народ, а со тоа секој државјанин МОРА да го владее службениот македонски јазик на државата. Кон државата секој граѓанин ќе може да се обраќа на својот мајчин јазик, но одговорот на државните институции освен на мајчиниот јазик на подносителот ќе мора да одговори првенствено на македонски јазик.

Под итно МОРА да биде спроведен попис на населението и ресурсите на РМ. Соодветно добиените резултати ќе се искористат за планирање на идните дејствија за развој на РМ.

Да се забрани предизборното коалицирање и предизборните математики и геометрии!
Да се забрани дејствување на општите проблеми на граѓаните за време на изборите, во смисол поделби на субвенции, вработувања и сл. ТОМ 2003 ќе настојува државата да биде сервис на граѓанинот па со тоа сите сервисни услуги ќе течат непречено во секој момент, освен кога државата и администрацијата на државата ќе биде во политички предизборен период. Со тоа ќе влијаеме врз еднаквиот пристап кон изборите и кон фер избори.

Том 2003 е за силна Република Македонија со силна и професионална државна и јавна администрација, која и што да се случува на политичката сцена таа, администрацијата да ја одржува демократијата и слободата на РМ!

Да се промени и во голем дел да се дисциплинира законот за основање на политички партии. и тоа под итно да се намали бројот на политичките партии бидејќи го разводнуваат македонското избирачко и политичко тело. Со така пререгистрираните партии, судот ќе дозволи делување само на идеалниот број политички партии, кои ќе се залагаат за добробит на РМ, за добробит на граѓаните на РМ и за почитување на правната држава на РМ!

ТОМ 2003 ќе настојува да наметне избраните пратеници да бидат исклучиво пратеници, а функционерите за другите функции да се бираат од редот на стручната и професионалната јавност. За ТОМ 2003 недозволив е преминот на пратеници во функции на Влада на РМ и сл. За ТОМ 2003 недозволиво е „седењето на две столици“ т.е. Собранието кое е суштински контролор на Владата да делегира лица за функции кои треба да бидат контролирани.

Од поглед на инвестирањето, ќе побараме и ќе се заложиме за дозвола на странски инвеститор исклучиво во висина на 49% од целокупниот влог на инвестицијата. Првите пет години, обврзно е инвеститорот да ги покаже добрите намери и практики, за да му биде дозволено ширење на инвестицијата.

Строго ќе ја забраниме експлоатацијата на македонските граѓани од страна на инвеститорите. За инвеститорите ќе се обидеме да наметнеме почитување на европските законски норми. Недозволиво е македонскиот работник да работи за ненормално ниски примања, додека инвеститорот ги бере плодовите од инвестицијата!

Во овој контекст во содејство со европската администрација ќе се обидеме да издејствуваме минимална плата за вработените во капацитетите на странските инвеститори да биде минимум 500 евра во денарска противвредност. За инвеститорите и без откупеното земјиште ќе издејствуваме полна заштита на правата од страна на македонскиот правен систем.

Ќе ја поттикнеме хуманитарната активност на странските инвеститори за социјалниот систем на РМ, за ранливите категории граѓани и сл. Во обратна насока ќе помагаме во пласирање на стручни македонски граѓани за вработување во капацитетите на инвеститорите.

Ќе наметнеме сигурно вработување на невработените. Ќе ги забраниме фиктивните вработувања со цел добивање поголем дел од субвенциите за вработеното лице.
Ќе ги субвенционираме вработените а не работодавачите. За секое лице едно работно место. Ќе забраниме повеќе работни места на функционерите и професионалците.

Ќе реагираме во законот за работните односи, со цел сигурно вработување и стабилна eгзистенција на вработените.
Ќе ги заостриме казните за изигрување и заобиколување на законите за работодавачите. Ќе го афирмираме квалитетот на работната сила, а не квантитетот на експлоатирана маса работници.

Субвенциите на земјоделието ќе бидат насочени развојно, за малите да го досегнат стандардот на поголемите комплекси, а големите земјоделски комбинати ќе добиваат субвенции за извозот и зацврстување на стандардите и растење на вработувањата.

За плодот и површините соодветно ќе се анулираат рестрективните услови со цел субвенциите да стигнат до малите и индивидуалните фармери. После земањето на субвенции, примателот обврзно мора да покаже развој и зголемување на производство, стадо или површина.

Доколку има иста состојба или намалена, субвенциите му се укинуваат. Во сферата на медиумите ќе издејствуваме лиценцирање на журналистите. Медиумите ќе бидат селектирани како забавни, информативни, научни и сл. Строго ќе ја забраниме цензурата и конструкцијата или намерното замајување на јавноста со цел зголемување на гледаноста или тиражите на медиумите Националниот канал ќе биде медиум на сите, а не на поединци! Радиодифузната такса ќе наметнеме да се распределува спрема учинокот врз пазарот на медиумите. Радиодифузната такса ќе треба да служи за развој на македонската култура и на културите на нациите кои живеат во РМ. Радиодифузната такса не смее да обезбедува комодитет на еден медиум на штета на другиот.

Синдикалното организирање на работниците ќе биде доброволно и слободно, синдикатот е партнер на работникот, работодавецот и системот, никако само на една од овие категории! Тоа значи дека ТОМ 2003 ќе наметне пракса секоја промена да биде за добробитот на сите чинители во стопанството, а не како во случајот само за работодавецот. Секоја злоупотреба на синдикалното организирање ќе настојуваме да издејствуваме санкционирање!

Во доменот на Универзитетите ќе ја гарантираме слободата на уметничката и научната мисла, како и автоноимијата на науката и универзитетот со цел развој на образованието и науката. Строго ќе ја санкционираме појавата на непотизам на распределба на наставните титули. ТОМ 2003 ќе настојува за ревизија на сите досега издадени титули и работни места! За државната администрација ќе воведеме лиценцирање од професионални здруженија со јавни овластувања на соодветно бараното образование! Во тој контекст ќе наметнеме мнение на потврда на знаењето со тоа лиценцирање, а не казнување. За секое работно место да биде достапно до соодветно стручно образование. Секое споредно образование ќе мора да ги докаже своите познавања за работата.

Во доменот на здравството, ќе го санкционираме непотизмот на струката. Вработувањето со коруптивни методи. И со поголем дел од буџетските средства ќе се обидеме да го модернизираме здравствениот систем, а не со административни методи!

Поставеноста на надворешните работи да биде во рацете на оние кои ја познаваат државата каде треба да се дејствува. Обврзно познавање на јазикот на државата за амбасадорите и познавање на други пр. руски, германски, кинески и сл. (по договор на стручната јавност) за дипломатите.

Ќе ја забраниме волунтаристичкaтa поделба на амбасадорски места, туку амбасадор може да биде иселеник или познавач на земјата каде ќе биде амбасадор. Во МНР ќе издејствуваме посебен сектор во владеење на дијаспората. Со цел обединување на знаењата на македонската дипломатија.

Од аспект на постоечките спорови на РМ, ќе бараме итно и безусловен прекин на разговорите за името на РМ. ќе поднесеме барање за ревизија на преговорите и примање на РМ во ОН под името Република Македонија!

За припадниците на другите заедници, ќе им се објасни дека столбот на РМ е Македонскиот народ, само силен и слободен македонски народ може во целост да ги гарантира и удоволи БАРАЊАТА НА ЗАСЕГНАТАТА ГРУПА ИЛИ МАЛЦИНСТВО.

За секој противдржавен испад ќе предложиме одземање на македонското државјанство, како и секое валкање на угледот на РМ во странство!

ТОМ 2003 е политичка партија која ќе ја обединува македонската дијаспора. Столбот на ТОМ 2003 е печалбарството кое по наша процена е приближно 5 милиони жители од кои голем дел се расположени за повраток во својата татковина и инвестирање на стекнатиот имот во македонското стопанство. Со ваквото обединување ќе издејствуваме неколку кратно зголемување на емисиите на девизни приливи во државата било како инвестиции, било како субвенции за своите роднини, било како директна помош на буџетот на РМ. Ќе наметнеме послушание на желбата на македонскиот инвеститор кој е на печалба и сака да ги вложи своите стекнати средства во македонското стопанство.

Поради малата територија на РМ ќе настојуваме распоредување на центрите на министерствата во планираните 12 (дванаесет) региони на РМ.

Идејата на ТОМ 2003 е благосостојба и стабилност, затоа имаме посебен систем на попис кој ќе вроди плод и после направените ревизии на законите ќе издејствуваме стабилни закони кои ќе бидат гарант на стабилноста на општата клима во РМ. Во ваков контекст планираме вработување на сите засегнати од конфликтот од 2001 и сите социјално загрозени граѓани, со цел активирање во изградба и развој на РМ.

За излез од сегашната криза предлагаме широка коалиција, која ќе изврши помирување на двете големи македонски партии и ТОМ 2003, со цел припрема на подобра иднина на РМ и клима за семакедонско помирување.

Во името на Македонија, македонскиот народ и просперитетот на Македонија,

Со Господ напред и ние по него.

ТОМ 2003

This work is licensed under the Creative Commons Attribution 4.0 International License. To view a copy of this license, visit http://creativecommons.org/licenses/by/4.0/.

Македонија
28 Feb 2017 08:24 - tttМакедонија

МАКЕДОНИЈА - Лазо Каровски(Кавадарци 1927)

Повеќе ...
Апел за Македонија
20 Feb 2015 21:25 - teamАпел за Македонија

Apel za Makedonija is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License. Браќа и сестри Македонци! Граѓани на Република Македонија! Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ. Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве по [ ... ]

Повеќе ...
МАНИФЕСТ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ
09 Feb 2015 20:37 - том 2003

Граѓани на Република Македонија! Македонски народе и припадници на деловите од другите народи кои живеат во РМ Во името на господа, нашиот семоќен Бог, ве повикуваме да дејствуваме на развивање на слогата! Ве повикуваме на слобода и достоинст [ ... ]

Повеќе ...